Ahmet Gençtürk
28 Мај 2025•Ажурирај: 29 Мај 2025
АТИНА (АА) - Таксистите во Атина, Грција, започнаа 48-часовен штрајк, изразувајќи незадоволство од нерешените проблеми во индустријата и повикувајќи на итна интервенција на Владата, јавува Анадолу.
Штрајкот е организиран од Синдикатот на таксисти во регионот Атика, кој соопшти дека ваквиот потег следува по долг период на игнорирање од заменик-министерот за транспорт Костантинос Киранакис, кој не одговорил на нивните барања за дијалог.
Клучните барања на синдикатот опфаќаат повлекување на најавената политика според која сите нови такси-возила регистрирани по 1 јануари 2026 година мора да бидат со нулта емисија.
Дополнително, синдикатот бара построга контрола и казни за нелегалните „пиратски“ таксисти, субвенции за гориво и зголемување на тарифите во согласност со неодамнешното покачување на минималната плата.