свет

Папата Лав XIV повикa на прекин на огнот во Газа и мир во Украина

„Од Појасот Газа сè посилно го слушаме плачот на мајките и татковците што ги држат безживотните тела на своите деца и кои постојано се принудени да се движат во потрага по малку храна и вода...“

İlayda Çakırtekin  | 28.05.2025 - Обновена : 29.05.2025
Папата Лав XIV повикa на прекин на огнот во Газа и мир во Украина

ИСТАНБУЛ (АА) - Папата Лав XIV повика на итен прекин на огнот во Газа и мир во Украина, јавува Анадолу.

Папата Лав XIV „силно“ апелираше за „прекин на огнот веднаш“ во Газа и ја повтори потребата од „целосно почитување“ на хуманитарното право, објави Ватикан њуз.

„Од Појасот Газа сè посилно го слушаме плачот на мајките и татковците што ги држат безживотните тела на своите деца и кои постојано се принудени да се движат во потрага по малку храна и вода и побезбедно засолниште од бомбардирањата“, изјави папата.

Папата Лав XIV, исто така, повика на мир во Украина, нагласувајќи дека неговите мисли често се насочени кон „украинскиот народ погоден од нови сериозни напади врз цивили и инфраструктура“.

Тој го повтори својот апел „да се запре војната и да се поддржи секоја иницијатива за дијалог и мир“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın