„Тојота“ ја задржа титулата најпродаван светски производител на автомобили за првата половина од годината
Глобалната продажба на возила на „Тојота“ се зголеми за 7,4% на годишно ниво во првата половина од годината.

ИСТАНБУЛ (АА) - „Тојота мотор“ ја задржа титулата најпродаван производител на автомобили во светот шести пат, со 5,5 милиони продажби во периодот јануари-јуни 2025 година, покажуваат објавените финансиски резултати на компанијата, јавува Анадолу.
Глобалната продажба на возила на „Тојота“ се зголеми за 7,4% на годишно ниво во првата половина од годината.
Оваа бројка за првата половина од годината претставува највисок број на продажба за јапонската компанија на глобално ниво досега.
Домашната продажба се искачи за 27,4% на еден милион возила, а продажбата во странство се зголеми за 3,6% на 4,5 милиони единици.
Бројките за продажба на возила ја вклучуваат и продажбата на производителот на мини автомобили „Даихатсу“ и производителот на пикап камиони „Хино“, кои се дел од групацијата „Тојота мотор“.
Во шестмесечниот период продажбата на „Тојота“ во САД се зголеми за 4,2% на 1,24 милиони единици, а во Кина продажбата се зголеми за 6,8% на 837.744 единици.
Со овие резултати компанијата го надмина својот најблизок конкурент, Фолксваген АГ.
Фолксваген АГ ја зголеми глобалната продажба на возила за 1,3% на 4,41 милиони единици во периодот јануари-јуни 2025 година во споредба со првата половина од 2024 година.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.