економија

„Инвестирањето на турските бизнисмени во Северна Македонија е многу важно"

„Имаме цел нашиот трговски обем со Турција да ја зголемиме над 1 милијарда долари. Моментални бројки се движат над 500 милиони долари. Инвестициите кои ќе се реализираат тука, ќе придонесат во зголемувањето на трговскиот обем“, изјави Хасан

Tezcan Ekizler   | 17.09.2019
„Инвестирањето на турските бизнисмени во Северна Македонија е многу важно" (Foto: Yusuf Şahbaz/ AA)

СКОПЈЕ (АА) - Министерот во Владата на Северна Македонија задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан, истакна дека имаат за цел трговскиот обем меѓу Турција и Северна Македонија да ја зголемат над 1 милијарда долари, јавува Аnadolu Agency (AA).

Хасан во изјава за АА истакна дека меѓу Северна Македонија и Турција постојат многу цврсти историски и културни врски, и дека тие врски сакаат да ги зајакнуваат и од економски аспект.

Министерот Хасан нагласи дека очекуваат во декември да заврши процесот за членство на Северна Македонија во НАТО, и дека продолжува процесот за членство во ЕУ.

„Имаме цел нашиот трговски обем со Турција да ја зголемиме над 1 милијарда долари. Моментални бројки се движат над 500 милиони долари. Инвестициите кои ќе се реализираат тука, ќе придонесат во зголемувањето на трговскиот обем“, додаде Хасан.

Тој информираше дека за време на средбите кои ги реализирале со министерката за трговија на Турција, Рухсар Пекџан, била донесена одлука за одржување на Бизнис форумот Турција-Северна Македонија на 14 октомви 2019 година во турскиот град, Истанбул. Според него, ќе добијат добри резултати од оваа програма.

Хасан нагласи дека нивните врати се отворени за турските бизнисмени.

„Сметам дека инвестициите кои ќе се релизираат тука ќе даваат сериозен придонес во развојот на Северна Македонија, како и за нашите сонародници тука. Инвестирањето на турските бизнисмени во Северна Македонија е многу важно за нашите сонародници. Ние како турска заедница сме мост меѓу двете земји. Овој мост уште повеќе ќе се зајакне со доаѓањето на турските бизнисмени тука“, рече во изјава за АА Елвин Хасан, државен министер во владата на Северна Македонија задолжен за странски инвестиции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın