Шпанија: Најбрзо темпо на економски раст од почетокот на кризата во 2008
Државниот завод за статистика денес соопшти дека вкупниот економски раст во 2015 година изнесувал 3,2 отсто, и дека тоа е најголемата експанзија на шпанската економија од финансиската криза, која започна во 2008 година

Saraybosna
МАДРИД (АА) - Официјалните бројки покажуваат дека шпанската економија во четвртиот квартал на 2015 година доживеа силен раст од 0,8 отсто во однос на претходните три месеци, пренесува Anadolu Agency (АА).
Државниот завод за статистика вчера соопшти дека вкупниот економски раст во 2015 година, изнесувал 3,2 отсто, и дека тоа е најголемата експанзија на шпанската економија од финансиската криза, која започна во 2008 година.
Шпанија излезе од рецесија на крајот на 2013 година и во моментов е една од најбрзорастечките економии во Европската унија. Сепак, стапката на невработеност сè уште е 21 отсто, по што е втора во европскиот блок, веднаш зад Грција.
Актуелниот конзервативен премиер Маријано Рахој се надеваше дека економскиот раст ќе му биде адут за да победи на општите избори минатиот месец и така да го продолжи својот мандат. Сепак, неговата партија го загуби мнозинството во парламентот, сега за да остане премиер мора да побара поддршка од другите партии.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.