економија

Турскиот министер Шимшек се сретна со министерката за финансии на Северна Македонија, Кочоска

- Турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек: „Се договоривме да воспоставиме силна соработка помеѓу нашите управи за јавни приходи“

Hülya Ömür Uylaş  | 06.05.2025 - Обновена : 07.05.2025
Турскиот министер Шимшек се сретна со министерката за финансии на Северна Македонија, Кочоска

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за трезор и финансии Мехмет Шимшек оствари средба со министерката за финансии на Северна Македонија, Гордана Димитриеска-Кочоска, како и со делегацијата што ја придружува, известува Анадолу.

Министерот Шимшек на социјалните мрежи сподели објава во врска со средбата.

Изразувајќи задоволство што им бил домаќин на министерката Кочоска и нејзината делегација, Шимшек во објавата наведе:

„Се договоривме да воспоставиме силна соработка меѓу нашите управи за јавни приходи. Ќе ги унапредиме билатералните односи преку размена на искуства во области, како што се даночните политики, дигитализацијата, доброволното усогласување со даночните обврски, инспекцијата и борбата против финансискиот криминал.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.