Турција, економија

Турската нискобуџетна авиокомпанија „AJet“ ќе започне со работа на лето 2024 година

- „AJet“, кој е во целосна сопственост на националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“, доби сертификат за авиопревозник од страна на цивилниот авијациски орган

Tuba Onğun  | 03.01.2024 - Обновена : 08.01.2024
Турската нискобуџетна авиокомпанија „AJet“ ќе започне со работа на лето 2024 година

АНКАРА (АА) - Нискобуџетната авиокомпанија „AJet“, која е во целосна сопственост на националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“, се очекува да започне со работа на почетокот на летната сезона оваа година, се вели во соопштението објавено на Платформата за јавно информирање на Туркије (КАП), пренесува Анадолу.

На „AJet“ му беше доделен сертификат за авиопревозник од страна на цивилната авијација на земјата, соопшти „Туркиш ерлајнс“.

„Сите процеси за аплицирање на нашата подружница AJet за добивање сертификат за воздушен оператор во рамките на Регулативата за претпријатија за комерцијален воздушен транспорт беа завршени и на AJet му е доделен сертификат за воздушен оператор од страна на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство (SHGM) на 02.01.2024 година“, се вели во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın