економија

Трансјадранскиот гасовод (ТАП) транспортира 8,1 милијарда кубни метри на природен гас за една година

Во Италија се испорачани 6,8 милијарди кубни метри, додека во Грција и Бугарија се испорачани приближно 1,2 милијарди кубни метри

Gülşen Çağatay  | 14.01.2022 - Обновена : 17.01.2022
Трансјадранскиот гасовод (ТАП) транспортира 8,1 милијарда кубни метри на природен гас за една година

АНКАРА (АА) - Трансјадранскиот гасовод (ТАП) транспортира 8,1 милијарда кубни метри на природен гас во Европа откако започна со работа на 31 декември 2020 година до 31 декември минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од овој вкупен капацитет, преку 6,8 милијарди кубни метри се испорачани во Италија, додека приближно 1,2 милијарди кубни метри се испорачани во Грција и Бугарија.

ТАП е суштински дел на Јужниот гасен коридор, нудејќи директна и исплатлива транспортна рута до земјите од Југоисточна Европа и пошироко.

Тој транспортира природен гас од Каспискиот Басен до Европа, поврзувајќи се со Трансанадолискиот гасовод (ТАНАП) на грчко-турската граница, преминувајќи ја Северна Грција, Албанија и Јадранското Море пред да излезе на брегот на јужна Италија за да се поврзе со италијанската мрежа на природен гас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.