свет, економија

Русија ја изврши првата уплата на надворешниот долг по санкциите

Владата на Русија наведува дека е завршена уплатата на 117 милиони долари за обврзници деноминирани во долари кои доспеале вчера

Emre Gürkan Abay  | 17.03.2022 - Обновена : 19.03.2022
Русија ја изврши првата уплата на надворешниот долг по санкциите

МОСКВА (АА) - Владата на Русија соопшти дека извршила уплата на обврзници во вредност од 117 милиони долари, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Владата на Русија се наведува дека е завршена уплатата на 117 милиони долари за обврзници деноминирани во долари кои доспеале вчера.

Поради замрзнувањето на меѓународните резерви на Русија во вредност од 300 милијарди долари, постоеше можноста за неизвршување на обврската како резултат на процесот на отплата на надворешниот долг по основ на обврзници.

Во соопштението на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) објавено е дека американските инвеститори се ослободени од плаќање на долг кој го извршила Русија.

Во меѓувреме се појавија нејаснотии околу тоа дали банките ќе ги прифатат руските уплати во странска валута поради загриженост од санкции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın