свет, економија

Протокот на гас од Русија кон Европа продолжува да се зголемува, и покрај војната

‒ Според податоците на „Гаспром“, количеството природен гас што компанијата го испратила во Европа преку Украина било околу 42 милијарди кубни метри минатата година

Emre Gürkan Abay  | 02.03.2022 - Обновена : 03.03.2022
Протокот на гас од Русија кон Европа продолжува да се зголемува, и покрај војната

МОСКВА

И покрај нападот на Русија врз Украина, испораката на рускиот природен гас во Европа продолжува да се зголемува, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците собрани од дописникот на Агенција Анадолија (АА), испораката на природен гас на „Гаспром“ до Европската Унија (ЕУ) преку Украина на 1 декември 2021 година била на ниво од 109 милиони кубни метри дневно.

Пратките на „Гаспром“ од 1 јануари се намалија на 74,4 милиони кубни метри. Се забележува дека има зголемување на протокот на гас во Европа од 24 февруари, кога започна нападот на Русија врз Украина.

Според тоа, „Гаспром“ на 23 февруари преку Украина испратил 62 милиони кубни метри природен гас во Европа, додека на 25 февруари оваа бројка изнесувала 110 милиони кубни метри и на 26 февруари, 109 милиони кубни метри.

Сергеј Купријанов, претставникот на „Гаспром“, во изјава на 28 февруари рече дека испораките на руски гас во Европа преку Украина се во нормален тек, со просечни 100 милиони кубни метри дневно.


‒ Зависноста на Европа од природен гас од Русија е голема

Европа увезува околу 40 отсто од природниот гас што го троши, со други зборови, од Русија увезува 175 милијарди кубни метри.

Според податоците на „Гаспром“, количеството природен гас што компанијата го испратила во Европа преку Украина било околу 42 милијарди кубни метри минатата година.

Нападот на Русија врз Украина, а потоа и спроведувањето на сеопфатните санкции од страна на земјите од ЕУ против Русија, предизвика загриженост дека „Гаспром“ ќе ги намали своите испораки или дека може да има проблеми во гасоводите во Украина.

Цената на априлските фјучерси со кои се тргува на ТТФ, холандската онлајн платформа за тргување со природен гас, денеска се зголеми за повеќе од 50 отсто, приближувајќи се до 200 евра за мегават-час.

​​​​​​​

‒ Русија, главен снабдувач на нафта

Русија се издвојува како најголем снабдувач на увоз на нафта во Европа.

Русија испорача 113 милиони тони нафта во Европа. Во 2020 година Европа увезе вкупно 440 милиони тони нафта.

Забележливо е дека европските власти во санкциите што досега беа најавени кон Русија не воведоа ограничувања на извозот на енергија.

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, предложи ограничување на увозот на рускиот природен гас и нафта во земјите од Г7. Досега само Канада го запре увозот на руска нафта.

Во Русија, санкциите против „Сбербанк“ и „Гаспромбанк“, најголемите банки во земјата, каде што се собираат приходите од енергијата, беа ограничени и не беа вклучени во санкциите на СВИФТ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın