економија

Производните цени во Германија во август забележаа најголем раст во историјата

- Индексот на цените на производителите во Германија, во август се зголеми за 45,8 отсто во однос на истиот период од претходната година, постигнувајќи рекорд поради порастот на цените на енергијата

Ata Ufuk Şeker  | 20.09.2022 - Обновена : 21.09.2022
Производните цени во Германија во август забележаа најголем раст во историјата

БРИСЕЛ (АА) - Индексот на цените на производителите во Германија, во август се зголеми за 45,8 отсто во однос на истиот период од претходната година, постигнувајќи рекорд поради порастот на цените на енергијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Федералниот завод за статистика на Германија „Дестатис“ (Destatis) ги објави податоците за Индексот на цените на производите за август.

Според објавените податоци, индексот на цените на производителите во Германија во август е зголемен за 7,9 отсто во однос на претходниот месец и за 45,8 отсто во однос на август 2021 година.

Со тоа, Индексот на цените на производителите во Германија покажа најголем пораст од започнувањето на водење на евиденцијата.

Зголемувањето на Индексот на цените на производителите во август се должи на растот цените на енергенсите.

Во овој период енергенсите поскапеле за 20,4 отсто во однос на претходниот месец и за 139 отсто во однос на претходната година.

Во Германија годишното поскапување на струјата е 174,9 отсто, а на природниот гас 209,4 отсто.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.