економија

Приходите на „Тесла“ на рекордно ниво во првиот квартал од годината, испораката на возила двојно зголемена

Американскиот производител на електрични автомобили имаше нето-приход од 438 милиони долари во периодот јануари-март, од 16 милиони долари во истиот период од минатата година

Övünç Kutlu  | 27.04.2021 - Обновена : 28.04.2021
Приходите на „Тесла“ на рекордно ниво во првиот квартал од годината, испораката на возила двојно зголемена

АНКАРА (АА) - „Тесла“ забележа рекордна заработка во првиот квартал од оваа година, додека испораката на возила се зголеми повеќе од двапати, покажува извештајот за финансиските резултати објавен вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Американскиот производител на електрични автомобили имаше нето-приход од 438 милиони долари во периодот јануари-март, од 16 милиони долари во истиот период од минатата година. Приходите достигнаа 10,4 милијарди долари, што е за 73 отсто повеќе од 6-те милијарди долари во истиот период минатата година.

Иако автомобилската индустрија во светот минува низ недостаток на чипови во електронските компоненти, „Тесла“ соопшти дека е „во можност делумно да го реши проблемот со снабдување со чипови, пивотирајќи исклучително брзо нови микроконтролери, истовремено развивајќи системски софтвер за нови чипови произведени од нови добавувачи“.

Компанијата со седиште во Калифорнија успеа да произведе над 180.300 возила во текот на првите три месеци од годината, што е за 76 отсто повеќе од 102.600 возила во истиот период од 2020 година.

Вкупната испорака на возила се зголеми за 109 отсто и достигна речиси 185.000, од ​​скоро 88.500 во истиот период минатата година.

На 8 февруари од „Тесла“ соопштија дека компанијата купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и дека ќе започне да ја прифаќа оваа валута како платежно средство за своите производи. Компанијата, сепак, продаде дел од него во текот на првиот квартал.

Компанијата продаде биткоини во вредност од 272 милиони долари пред 31 март, според приходите за продажба на дигитални средства прикажани во финансискиот извештај.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.