економија

Потписот на Трамп ќе биде вклучен на идните американски банкноти

„Не постои помоќен начин да се признаат историските достигнувања на нашата голема земја и на претседателот Доналд Џ. Трамп од американски доларски банкноти на кои го има неговото име“

Merve Berker  | 27.03.2026 - Обновена : 27.03.2026
Потписот на Трамп ќе биде вклучен на идните американски банкноти

АНКАРА (АА) - Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) објави дека потписот на претседателот Доналд Трамп ќе биде вклучен на идните американски банкноти, што претставува прв ваков случај за актуелен претседател, јавува Анадолу.

Одлуката е поврзана со претстојната 250-годишнина од основањето на САД, се наведува во соопштението на Министерството.

„Во чест на 250-годишнината на Соединетите Американски Држави, потписот на претседателот Доналд Џ. Трамп ќе биде вклучен на идните американски банкноти”, изјавија од Министерството.

Потписот ќе се постави веднаш до потписот на државниот секретар за финансии.

Државниот секретар за финансии Скот Бесент изјави дека овој потег е одраз на економските приоритети на оваа администрација.

„Под водство на претседателот Трамп ние сме на пат кон невиден економски раст, трајна доминација на доларот и фискална сила и стабилност“, изјави тој.

„Не постои помоќен начин да се признаат историските достигнувања на нашата голема земја и на претседателот Доналд Џ. Трамп од американски доларски банкноти на кои го има неговото име“, додаде тој.

Генералниот секретар во Министерството, Брендон Бич, исто така, ја коментираше одлуката, велејќи: „Како што се приближува 250-годишнината на нашата голема земја, американската валута ќе продолжи да стои како симбол на просперитетот, силата и непоколебливиот дух на американскиот народ.“

„Печатењето на неговиот потпис на американската банкнота не само што е соодветно, туку е и целосно заслужено“, додаде Бич.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın