економија

Германските производствени компании ги очекуваат негативните последици од војната со Иран

- „Конфликтот влијае директно врз производството, но пред сè предизвикува голема неизвесност”

Gökhan Ergöçün  | 31.03.2026 - Обновена : 31.03.2026
Германските производствени компании ги очекуваат негативните последици од војната со Иран

ИСТАНБУЛ (АА) – Околу 90 отсто од германските производствени компании очекуваат војната со Иран сериозно да влијае врз нивната работа, покажува истражувањето објавено денес од минхенскиот институт „Ифо“, јавува Анадолу.

Само 9 отсто од анкетираните компании не предвидуваат негативни последици од воениот конфликт.

„Конфликтот влијае директно врз производството, но пред сè предизвикува голема неизвесност”, изјави Клаус Волрабе, раководител на истражувањата во „Ифо“.

Повеќе компании веќе се подготвуваат за дополнителни потешкотии во идните месеци, додаде Волрабе.

Голем број производствени компании, или околу 78 отсто, посочиле дека порастот на цените на енергентите е основна причина за нивната загриженост.

Додека, пак, 36 отсто ги навеле ограничените патишта за испорака и проблемите со снабдувањето со полупроизводи и суровини.

Околу 16 отсто од компаниите стравуваат од прекини во воздушниот товарен сообраќај, а околу 24 отсто од нив очекуваат пад на побарувачката на клучните извозни пазари.

Повеќето компании, исто така, препознале финансиски ризици поради неизвесните трошоци за превоз и логистика, зголемените осигурителни премии или зголемените ризици при плаќањето.

Волрабе истакна дека економските последици од војната со Иран, што веќе се видливи, може дополнително да се продлабочат.

Тој заклучи дека економските проблеми за компаниите ќе се зголемуваат доколку неизвесноста трае подолго.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.