Американскиот претседател Трамп најави царина од 50 отсто за увоз на бакар
- Трамп: Бакарот е неопходен за полуспроводници, авиони, бродови, муниција, центри за податоци, литиум-јонски батерии, радарски системи, системи за ракетна одбрана и хиперсонично оружје и е втор метал што најмногу го користи Министерството за одбрана

ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе се воведе царина од 50% за увоз на бакар почнувајќи од 1 август, известува Анадолу.
Трамп ја сподели веста на својот профил на платформата Truth Social.
Во својата објава Трамп напиша: „По темелна процена на националната безбедност, објавувам царина од 50% за бакар што ќе стапи на сила на 1 август.“
Трамп изјави дека бакарот е неопходен за полуспроводници, авиони, бродови, муниција, центри за податоци, литиум-јонски батерии, радарски системи, системи за ракетна одбрана и хиперсонично оружје, нагласувајќи дека овој метал е втор најмногу користен материјал од страна на Министерството за одбрана.
Тврдејќи дека „глупави и летаргични лидери“ ја уништуваат индустријата за бакар, Трамп продолжи со зборовите:
„Оваа царина од 50% ќе го смени неодговорното однесување и глупоста на администрацијата на Бајден. Америка повторно ќе воспостави доминантна индустрија за бакар. На крајот на краиштата, ова е нашата златна доба.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.