Балкан

45 жртви во автобуската несреќа во Бугарија, пронајдено тело на уште едно дете

Борислав Сарафов, вршителот на должноста главен јавен обвинител на Бугарија: „Во остатоците од автобусот е пронајдено тело на уште едно дете“

Ihvan Radoykov  | 26.11.2021 - Обновена : 27.11.2021
45 жртви во автобуската несреќа во Бугарија, пронајдено тело на уште едно дете

СОФИЈА (АА) – Бројот на загинати во несреќата на патничкиот автобус со скопски регистарски таблички што се случи на 23 ноември во околината на селото Боснек, близу градот Перник, западно од бугарската престолнина Софија, е ажуриран на 45, јавува Агенција Анадолија (АА).

Борислав Сарафов, вршителот на должноста главен јавен обвинител и директор на Националната истражна служба, во изјава за медиумите, истакнувајќи дека истрагата продолжува, рече: „Во остатоците од автобусот е пронајдено мртво тело на уште едно дете.“

Сарафов, споделувајќи ги последните информации за несреќата, рече дека автобусот во Бугарија влегол од граничниот премин „Капитан Андреево“ на 23 ноември во 21:15 часот по локално време. Кога пристигнал во Капитан Андреево, во автобусот имало 52 патници, од нив 45 ги загубија животите, а преживеани се 7 лица.

Во меѓувреме, бугарските истражни службеници отпатуваа во Северна Македонија, каде што ќе останат до 28 ноември. Тие таму ќе земаат примероци од ДНК од роднините на загинатите во несреќата.

Откако експертите ќе се вратат во Бугарија, телата ќе бидат идентификувани и потоа ќе бидат испратени во Северна Македонија што е можно поскоро.

Во првата изјава за автобуската несреќа, властите од Бугарија истакнаа дека во несреќата на патничкиот автобус со регистарски таблички на Северна Македонија на 23 ноември загинаа 46 лица. Бројот на починатите патници вчера беше ажуриран на 44.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.