Балкан

„Соларната и енергијата на ветерот ќе доживеат пораст"

Кога станува збор за мини хидроелектрани на Балканот, Хан потврди дека постојат планови за нови хидроелектрани во регионот.

Adel Omeragic  | 21.02.2019 - Обновена : 22.02.2019
„Соларната и енергијата на ветерот ќе доживеат пораст"

ПОДГОРИЦА (AA) - Обновливите извори на енергија како што се соларната енергија и енергијата на ветерот ќе придонесат на земјите од Западен Балкан да да им биде потребна помала количина на електрична енергија во иднина, порача европскиот комесар за соседство и проширување Јоханес Хан во Подгорица, јавува Anadolu Agency (AA).

Во главниот град на Црна Гора се одржува Министерска конференција за преминување на државите на Западен Балкан на чиста енергија. Конференцијата ги собра ресорните министри од регионот, претставниците на невладиниот сектор кои се бават со теми за заштита на животната средина, како и членови на црногорската Влада, на чело со премиерот Душко Марковиќ.

Европскиот комесар за политика на соседство и проширување Јоханес Хан говореше за предностите на чиста енергија, а се осврна и на прашањето околу најавата за изградба на мали хидроелектрани на Балканот.

„Тука сме денес за да ја зајакнеме нашата посетеност и што побрсо да се усогласиме со европската политика, кога е во прашање чистата енергија. Ова е важен чекор при проширување на енергетската врска на земјите на Западен Балкан. На вашите земји им е потреба помала количина на електрична енергија, а кон тоа ќе придонесат обновливи извори на енергијата", рече Хан на отворањето на конференцијата.

Истанкна дека на овој начин е можно да се заштедат 2,5 милијарди евра.

„Соларната енергија и енергија на ветерот ќе доживеат пораст", рече Хан.

Кога станува збор за мини хидроелектрани на Балканот, Хан потврди дека постојат планови за нови хидроелектрани во регионот.

„Идентификувавме 140 проекти, но не е можно сите да се спроведат. Обврска е да се рехабилитираат постоечките електрани, за да хидроенергијата биде доставена на мрежата. Ако ја разгледаме изградбата на нови електрани, постојат делови од регионот каде хидроелектраните не е можно да се градат без општетување на еко системот. Доколку се продолжи со овие процеси, треба да се воспостави проценка на влинанието врз животната средина", порача Хан.

Рече дека регионалната димензија е клуч за транзиција кон чиста енергија.

„Агендата во однос на прашањето на електричната енергија треба да биде во фокусот на вашите агени. Сметајте на наша поддршка во достигнување на овие цели. Нашиот заеднички интерес не е насочен против било кој, туку во интерес на секој граѓанин за да с искористат сите потенцијали кога станува збор за обновливите извори на енергија", потенцираше еврокомесарот Хан.

Претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ, порача дека црногорската енергетика во потполност ги дели основните карактеристики на единствена европска енергетика и дека Црна Гора дури и ќе го надмине амбициознот план за удел на обновливи извори на енергија и дека нема откажување од еколошка Црна Гора.

„Прашањето на економскиот развој е неделиво од развојот на енергетиката, а енергетиката, како стратешка гранка, подразбира добро осмислен и долгорочен план. За среќа, земјите од Западен Балкан и во оваа круцијално важна работа, имаат за партнер глобален лидер. ЕУ веќе со децении поставува стандарди во врска со прашањето на одржлив развој и чиста, климатска и неутрална енергетика. Недвосмислена определеност на земјите од регионот кон европските интеграции е важен определувачки фактор на долгорочни национални енергетски политики и стратегии", рече Марковиќ.

Тој истакна дека патот на Црна Гора е јасен, додавајќи дека токму во Црна Гора ќе се гради една од најголемите соларни електрани во Европа.

„Веќе е извесно дека Црна Гора ќе ја достигне и ќе ја надмине амбициозно поставената цел на уделот во обновливите извори на енергија во финална потрошувачка до 2020 година. Плаќаме висока цена за тоа, но остануваме уверени дека исправноста на ова храбро определување ќе ја потврди веќе на среден рок. Почетните пропусти не смеат да не донесат во дилема дали да се откаже од суштинските племенити намери. Нема откажување од еколошката Црна Гора", рече Марковиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.