Балкан

Северна Македонија прославува 30-годишнина на дипломатските односи со САД

- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, објави видео на социјалните мрежи по повод 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД

Dzihat Aliju  | 12.09.2025 - Обновена : 12.09.2025
 Северна Македонија прославува 30-годишнина на дипломатските односи со САД

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, објави видео на социјалните мрежи по повод 30 години дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, пренесува Анадолу.

Муцунски преку објавата на американската компанија за социјални мрежи Х ја честиташе 30-годишнината на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и САД.

Во видеото, каде што и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, зборува на македонски за клучните придобивки од стратегиското партнерство меѓу двете земји, министерот Муцунски објасни што претставуваат овие 30 години дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија.

„Овој месец славиме 30 години од едно многу посебно пријателство со вас, граѓаните на Северна Македонија“, рече Агелер на македонски на почетокот на видеото.

„Три децении пријателство и доверба. Од 1995 година кога ги формализиравме билатералните односи заедно покажавме дека со доверба, решителност и соработка може да се постигнат слобода, безбедност и просперитет“, кажа министерот Муцунски од друга страна.

„Прославуваме 30 години дипломатски односи со Соединетите Американски Држави - три децении доверба, пријателство и заедничка визија за иднината. Благодарни сме за непоколебливата поддршка и цврстото партнерство. Заедно градиме посилна економија, ги унапредуваме одбраната и безбедноста и создаваме нови можности за нашите млади. Многу повеќе нè очекува во следните 30 години“, напиша Муцунски во својата објава.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.