Балкан

Северна Македонија изрази солидарност со Полска по навлегувањето на руски дронови во полскиот воздушен простор

„Несовесните нарушувања на воздушниот простор на НАТО од страна на Русија се неприфатливи и претставуваат директна закана за безбедноста на нашите граѓани и клучната инфраструктура“

Elena Trenchevska Chekovic  | 10.09.2025 - Обновена : 11.09.2025
 Северна Македонија изрази солидарност со Полска по навлегувањето на руски дронови во полскиот воздушен простор

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денес изрази солидарност со Полска oткако руски дронови синоќа го нарушија полскиот воздушен простор, пренесува Анадолу.

„Северна Македонија стои со целосна солидарност покрај нашиот сојузник Полска и покрај сите НАТО-сојузници“, му порача Муцунски на полскиот колега Радослав Сикорски преку објава на американската компанија за социјални мрежи Х.

Тој посочи дека ваквите нарушувања на воздушниот простор на НАТО се директна закана за безбедноста.

„Несовесните нарушувања на воздушниот простор на НАТО од страна на Русија се неприфатливи и претставуваат директна закана за безбедноста на нашите граѓани и клучната инфраструктура“, додава тој во објавата.

Утрово Полска соопшти дека соборила беспилотни летала кои во повеќе наврати го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на руските напади врз украински цели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.