Балкан

Папата Лав XIV оствари средба со албанскиот премиер Рама

„За време на срдечните разговори акцентот беше ставен на добрите билатералните односи, а беа разгледани и прашања од заеднички интерес во односите меѓу Црквата и граѓанското општество во земјата“

Barış Seçkin  | 05.02.2026 - Обновена : 05.02.2026
 Папата Лав XIV оствари средба со албанскиот премиер Рама Фото: Кабинет на премиерот на Албанија

ВАТИКАН (АА) – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, се сретна со албанскиот премиер Еди Рама за процесот на членство на земјата во Европската Унија и за ситуацијата на Западен Балкан, јавува Анадолу.

Според соопштението од Ватикан, утрово папата го пречекал албанскиот премиер Рама во Ватикан.

Премиерот Рама, по средбата со папата, се сретна и со државниот секретар на Ватикан (премиер), кардиналот Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите и меѓународните организации (министер за надворешни работи), надбискупот Пол Ричард Галагер.

Во соопштението од Ватикан се наведува дека „за време на срдечните разговори акцентот беше ставен на добрите билатералните односи, а беа разгледани и прашања од заеднички интерес во односите меѓу Црквата и граѓанското општество во земјата“.

„На средбата ставен е фокус и на клучните регионални прашања, вклучително и ситуацијата во земјите од Западен Балкан, како и процесот на целосна интеграција на Албанија во Европската Унија“, се вели во соопшението на Ватикан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın