Балкан

Љутков-Ерсој: Се продлабочуваат партнерството и соработката во културата и туризмот меѓу Северна Македонија и Турција

Министрите разговараа за конкретни чекори за зголемување на бројот на турски туристи во Северна Македонија, како и за можностите за привлекување инвеститори од Турција за развој на туристичката инфраструктура

Aida Cako  | 24.03.2026 - Обновена : 24.03.2026
Љутков-Ерсој: Се продлабочуваат партнерството и соработката во културата и туризмот меѓу Северна Македонија и Турција Фото: Турско Министерство за култура и туризам

СКОПЈЕ (АА) – Министерот за култура и туризам на Северна Македонија, Зоран Љутков, во рамките на својата дводневна работна посета на Република Турција, во Анкара одржа билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, јавува Анадолу.

Од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија е соопштено дека на средбата на која присуствувале и националниот координатор за туризам Акан Махмут и амбасадорот Јован Манасиевски, министрите ја нагласиле подготвеноста за конкретна соработка во клучните сектори.

„Љутков и Ерсој ја нагласија подготвеноста за продлабочување на соработката во областа на културата и туризмот преку реализација на заеднички проекти, вклучително и дигитализација на културното наследство, развој на креативните индустрии, копродукции, како и унапредување на културниот туризам“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека министрите разговарале за конкретни чекори за зголемување на бројот на турски туристи во Северна Македонија, како и за можностите за привлекување инвеститори од Турција за развој на туристичката инфраструктура.

Соговорниците се договориле во претстојниот период интензивно да работат на заеднички иницијативи кои дополнително ќе го зацврстат пријателството и партнерството меѓу двете земји.

На крајот од средбата, министерот Љутков упатил официјална покана до својот колега Ерсој во најскоро време да ја посети Северна Македонија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.