Балкан

Чешка донираше 45 возила за граничната полиција на Македонија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, високо го оцени партнерството меѓу двете земји, особено чешкиот придонес за време на мигрантската криза

Bekim Laci  | 14.12.2017 - Обновена : 14.12.2017
Чешка донираше 45 возила за граничната полиција на Македонија (Foto: Vedat Abdul/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Четириесет и пет автомобили од типот Шкода Октавиа, донација од Република Чешка, ќе ја зајакнат граничната полиција на Македонија, за подобро справување со граничната контрола во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Амбасадорот на Чешка во Скопје, Мирослав Томан, за време на примопредавањето на автомобилите во Министерството за внатрешни работи, истакна дека преку оваа донација Република Чешка докажува дека бегалската криза која ја зафати Европа во 2015 година, не ја третира само во рамките на нејзините граници, туку им помага и на другите земји во знак на волјата за заедничко справување.

„Република Чешка не помага само од финансиски аспект. На јужната граница сега се наоѓа 14. полициски контингент, што покажува дека над 550 наши полицајци помагаат границата со Грција да биде побезбедна во рамките на справувањето со мигрантската криза“, рече Томан, според кој соработката меѓу двете полициски институции е одлична.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, високо го оцени партнерството меѓу двете земји, особено чешкиот придонес за време на мигрантската криза, зајакнувајќи ги полициските капацитети на Македонија, и додаде дека сета финансиска помош на оваа земја за Македонија ја надминала бројката од два милиони евра.

„Набавени се добри, моќни автомобили што ќе ѝ служат на граничната полиција, но и на полициските станици во граничните подрачја, со цел да се зголеми ефикасноста, а со тоа и безбедноста на граѓаните. Ова покажува дека Р. Македонија и Р. Чешка, освен што се грижат за безбедноста на границите на Македонија, со тоа се грижат и за безбедноста на границите на Европа, бидејќи Македонија е портата за влез кон европските земји“, рече Спасовски.

Донацијата од Чешка од 45 автомобили од типот „Шкода Октавиа“ е во износ од два милиони евра.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın