Балкан

Фондацијата Дијанет во валандовско Калково отвори курс за учење на Куранот

„Џамиите, месџидот се ногу знајачни места во нашиот верски живот и во нашата култура. Затоа што џамија значи обединување. Тоа е место кое ги обединува нашите срца во атмосфера на љубов и мир", рече Јилмаз.

Seyyid Emin, Furkan Abdula  | 12.04.2019 - Обновена : 14.04.2019
Фондацијата Дијанет во валандовско Калково отвори курс за учење на Куранот Foto: Seyyid Emin/AA

ВАЛАНДОВО (АА) – Во селото Калково, Валандовско во југоисточниот дел на Северна Мекедонија, денес со свеченост беше отворена просторијата за курс по Куран изграден од Истанбулската филијала на Фондацијата Дијанет од Турција, а исто така беше поставен и камен темелник за изградба на џамија во селото Калково, јавува Anadolu Agency (AA).

На цеременијата на отворањето на курсот по Куран и на поставен е камен темелник за изградба на џамијата во село Калково, Валандовско присуствуваа амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, советнкот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје Муртат Алкан, општински муфтија на Истанбул проф.д-р. Хасан Камил Јилмаз, директорот на „Халк Банк" во Северна Македонија Билал Суџубаши, директорот на Институтот „Јунус Емре" Скопје Серхат Кула, директорот на Турската Фондација „Мариф" Мустафа Дилиоглу, претседателот на Турската демократска партија (ТДП, Бејџан Илјас, пратеникот во Собранието на Северна Македонија Јусуф Хасани, претседателот на Асоцијацијата на турски невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин, градоначалникот на Валандово Перо Костадинов и преставници на турските институции во земјата.

Во својот говор на церемонијата амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара истакна: „Турците кои кои живеат надвор од Турција, како никогаш досега се многу горди од тоа што живеат во еден период кога Турција секогаш ја подава својата рака".

Раскажувајќи за подршката на институциите од Турција, таа нагласи: „Ако ние се бориме заедно, ќе растеме, ќе се развиеме и цврсто ќе стоиме на нозе. Целиот свет пред Турција се поклонува со почит. Турција многу стана посилна, многу се разви во споредба со порано. Тоа можеме да го слушнеме од странските дипломати и владини претставници што ја посетуваат Турција".

Осврнувајќи се на опасноста од терористичката организација ФЕТО, Кара нагласи: „Треба да се дадат напори прдавничката ноќ што се случи во Турција да не се случи и во Македонија. Тоа ќе го направиме сите заедно. За инает ги користат имињата на знајачни личности. Од овој момент нашата првата цел е тие имиња да ги спасиме од терористичката организација".

Истанбулски општински муфтија Хасан Камил Јилмаз, во изјавата за медумите рече: „Како Турција многу сме среќни што сме тука со нашите браќа кои зборуваат на турски, и ги делат истите традиции."

Јилмаз, исто така истакна дека многу голема среќа е верниците да ги извршуваат своите молитви во своите храмови.

„Џамиите, месџидот се ногу знајачни места во нашиот верски живот и во нашата култура. Затоа што џамија значи обединување. Тоа е место кое ги обединува нашите срца во атмосфера на љубов и мир", рече Јилмаз.

Тој, исто така рече дека во време на технолошките можности, во време кога социјалните медиуми се многу силни, луѓето стана осамени меѓу народот.

Советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, Мурат Алкан, во изјава за медиумите рече: „Во ова шармантно и убаво село во кое живеат нашите сонародници, изградивме и го отворивме курсот за Куран, така што нашите деца и нашиот народ тука можат да учат за својата религија на поудобни и поубави места".

Во изградбата на просторијата за курс по Куран, голема подршка даде еден хуманитарец од Турција рече Алкан и додаде: „Советникот за верски прашања при Истанбулската филијала на Фондацијата Дијанет од Турција, Исламската верска заедница во Северна Македонија работеа заеднички, така да денес ја завршија просторијата за курс по Куран и свечено ја отворија. Просторијата е двоспратна зграда до џамијата".

Изградбата на Калковската џамија чиј камен темелник беше поставен денес се очекува да заврши за краток период од 5-6 месеци, истакна Алкан, додавајќи дека џамијата ќе биде со купола, од друга страна ќе има прекрасна фонтана, и просторија за земање на абдест. 

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов истакна дека е среќен за тоа што денес се покажа дека во Калково може сите да живеат во солидарност и повика на продолжување на соработката.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.