Балкан

ТИКА ќе го реставрира Арабати Баба Теќе во Македонија

Претседателот на ТИКА, Сердар Чам, и поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, во седиштето на ТИКА во Турција потпишаа протокол за реставрирање на објектите што се наоѓаат во Арабати Баба Теќе.

Zuhal Demirci, Muhammed Emin Canik, Abdoulaye İbrahim Bachir, Marietka Petrovska  | 27.04.2018 - Обновена : 28.04.2018
ТИКА ќе го реставрира Арабати Баба Теќе во Македонија (Foto: Gökhan Balcı/AA)

Ankara

АНКАРА (АА) - Потпишан е протокол меѓу турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), и Исламската верска заедица на Македонија (ИВЗ) околу проектот за реставрирање на историското Арабати Баба Теќе во Тетово, кое е еден од најзначајните османлиски дела, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на ТИКА, Сердар Чам, и поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, во седиштето на ТИКА во Турција потпишаа протокол за реставрирање на објектите што се наоѓаат во Арабати Баба Теќе.

Чам изрази задоволство поради посетата на Реџепи во ТИКА, и рече дека ова теќе е едно од најзначајните дела од османлискиот период кои се изградени во форма на комплекс.

„Ако даде Господ, ќе го започнеме процесот на реставрација, и ќе го реставрираме слично на оригиналот, без да се руши ништо“, истакна Чам.

Чам потсети дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во неговата посета на Македонија во 2011 година укажал на важноста на теќето, и дал инструкции за започнување на неговата реставрацијата.

„Како резултат на извршените процедури, денес потпишавме протокол со ИВЗ на Македонија. На најдобар начин, тоа место ќе биде едно од најзначајните центри на муслиманите во регионот, на Балканот и во Европа. Како културно богатство ќе придонесе за туризмот и економијата на тоа место, и ќе биде посетено од многу луѓе“, додаде Чам.

Чам упати благодарност до Реџепи, и рече: „Што поскоро да ги започнеме работите“.

Реџепи упати благодарност до ТИКА и нејзината екипа, и рече дека ТИКА реализираше големи проекти, и постигна големи успеси на Балканот.

„Упатувам благодарност до ТИКА која ќе ја реализира реставрацијата на Арабати Баба Теќе, кое е едно вековно дело“, додаде Реџепи.

Реџепи потсети дека реставрирањето на Арабати Баба Теќе се извршува по барање на турскиот претседател Ердоган.

„Потпишувањето на ова барање претставува голема гордост за мене. Посакувам Господ да му даде здравје и успеси на Ердоган. Секогаш сме зад турскиот народ“, нагласи Реџепи.

- Арабати Баба Теќе -

Теќето Арабати Баба е основано во 1538 година, од страна на братот на султанката Махидевран, сопруга на Султан Сулејман, познат по имињата Серсем Али Баба или Сервер Али Баба. 

Пред да биде поставен во Дерѓахот на Хаџи Бекташ, Сервер Али Баба бил државник кој се здобил со називот гувернер. 

Теќето го добило името според Арабати Баба, кој го заменил Сервер Али Баба, кога тој починал. 

Теќето Арабати Баба е трикатен комплекс составен од разни структури. Комплексот е изграден на површина од 26.700 квадратни метри, и е обиколен со заштитен ѕид висок 3 метри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.