Балкан

Средба Пендаровски - Курти во Минхен, разговори за унапредување на билатералната соработка

Претседателот Пендаровски истакнал дека Северна Македонија очекува со новата Влада на Република Косово да ја зацврсти билатералната соработка во сите области од заеднички интерес

Admir Fazlagic   | 15.02.2020
Средба Пендаровски - Курти во Минхен, разговори за унапредување на билатералната соработка ( Фото: Кабинет на претседателот на Северна Македонија )

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Минхен, на маргините на 56. Минхенска безбедносна конференција, оствари билатерална средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски, на средбата со премиерот на Република Косово, Албин Курти, претседателот Пендаровски упатил честитки за успешно реализираните парламентарни избори и за изборот на новата Влада во Косово, предводена од премиерот Курти.

Претседателот Пендаровски истакнал дека Северна Македонија очекува со новата Влада на Република Косово да ја зацврсти билатералната соработка во сите области од заеднички интерес, подвлекувајќи дека на тој начин ќе се продлабочат добрососедските односи кои придонесуваат за напредокот, стабилноста и безбедноста на регионот.

„Претседателот Пендаровски нагласи дека Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Северна Македонија при што трговската размена се одвива слободно без царини и придонесува за развој на економиите на двете соседни држави. За продолжување на овој позитивен тренд, претседателот Пендаровски изрази интерес за одржување на четврта седница на Мешовитиот комитет за економска соработка во периодот што следи“, се вели во соопштението.

Се додава и дека на средбата се разговарало и за идни заеднички иницијативи како дел од регионалната соработка.

Според соопштението, на маргините на 56. Минхенска безбедносна конференција претседателот Пендаровски се состанал и со премиерот на Ерменија, Никол Пашиниан.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın