Балкан

Скопје: Над 200 љубители на адреналинот учесници на изложбата на модифицирани автомобили

На изложбата учествуваа возачи со своите возила од Северна Македонија, Бугарија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција и Хрватска

Edıta Zekjırovıc  | 12.06.2022 - Обновена : 13.06.2022
Скопје: Над 200 љубители на адреналинот учесници на изложбата на модифицирани автомобили Фото: Edıta Zekjırovıc/AA

СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје се одржа изложба на модифицирани автомобили, со учество на над 200 возила од земјата и од регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).

На изложбата учествуваа возачи со своите возила од Северна Македонија, Бугарија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Грција и Хрватска.

Настанот се одржува по трет пат, а учесниците со своите возила се натпреваруваат во 65 категории, меѓу кои „Најдобри бандажи“, „Најдобар мотор“, „Најдобра боја“, „Најдобар ентериер“, „Најгласен ауспух“ „Најниско возило“ и многу други, а најистакната беше категоријата на „Автомобил со најсилно озвучување“.

Целта на настанот беше меѓусебно запознавање и разменување на искуства на луѓе кои имаат иста пасија-љубители на адреналинот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.