Балкан

Се одбележа првата годишнина од трагедијата во Кочани со 63 бели столчиња поставени во центарот на градот

Во раните утрински часови на 16 март 2025 година, во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани избувна пожар како последица на пиротехнички средства за време на забавна вечер, при што загинаа 63 лица

Dzihat Aliju  | 16.03.2026 - Обновена : 16.03.2026
Се одбележа првата годишнина од трагедијата во Кочани со 63 бели столчиња поставени во центарот на градот Фото: Nake Batev/AA

КОЧАНИ (АА) - Во градот Кочани беше одбележана годишнината од смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“, кој се случи на 16 март 2025 година, со поставување на 63 бели столчиња во центарот на градот, јавува Анадолу.

Поставувањето на 63 бели столчиња во спомен на 63 жртви во трагедијата беше организирано од Општина Кочани и од родителите на загинатите во Паркот на револуцијата во Кочани.

Од друга страна е ставен и по една бела роза на 63 столчиња. За спомен на жртвите е отворена е и книга за жалост.

Оваа комеморативна активност е една од повеќето активности организирани во чест на жртвите во пожарот.

Во раните утрински часови на 16 март 2025 година, во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани избувна пожар како последица на пиротехнички средства за време на забавна вечер, при што загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

Првичните истраги по инцидентот открија дека објектот работел со лажна лиценца и со години функционирал без да ги исполнува потребните стандарди.

На 19 ноември официјално започна судењето за случајот со трагичниот пожар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.