Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 807 нови случаи на Ковид-19

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 5 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.156.

Husamedin Gina   | 03.03.2021
Северна Македонија: Регистрирани 807 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ 

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 807 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 104.548, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 5 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.156.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 314 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 92.189.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 9.203.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.312 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın