Балкан

Северна Македонија промовираше поштенска марка по повод 100 години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ

„Неговата мисла дека секој човек има право да живее во слобода и дека таа слобода е извор и на сите други универзални вредности на човештвото, како што се правда, толеранција и демократија, сѐ уште е жива“

Elena Trenchevska Chekovic  | 26.12.2025 - Обновена : 26.12.2025
Северна Македонија промовираше поштенска марка по повод 100 години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ Фото: Dzihat Aliju/AA

СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија денес е промовирана поштенска марка по повод сто години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ, поранешниот претседател на Босна и Херцеговина и една од највлијателните бошњачки личности на 20 век, пренесува Анадолу.

Генералниот директор на Поштата на Северна Македонија, Орхан Куртиши, на денешната промоција ја претстави поштенската марка и изрази благодарност за можноста за нејзино претставување на стогодишнината од раѓањето на Алија Изетбеговиќ.

„Неговата мисла дека секој човек има право да живее во слобода и дека таа слобода е извор и на сите други универзални вредности на човештвото, како што се правда, толеранција и демократија, сѐ уште е жива“, рече Куртиши на промоцијата.

Автор на поштенската марка 100 години од раѓањето на Алија Изетбеговиќ 1925 – 2003 е Лоран Куфало од Бирото за филателија. Таа има номинална вредност од 36 денари, и е издадена во тираж од 6.000 примероци.​​​​​​​

Генералниот директор Куртиши порача дека претстојните новогодишни празници се добар момент за испраќање на новогодишна честитка до своите најблиски на која ќе биде залепена оваа поштенска марка „затоа што така може да го дадеме својот придонес кон ширењето на неговата мисла за слобода и еднаквост“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.