Балкан

Северна Македонија: Од Ковид-19 починати 32 лица, регистрирани 820 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 820 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 61.543.

Admir Fazlagic  | 29.11.2020 - Обновена : 30.11.2020
Северна Македонија: Од Ковид-19 починати 32 лица, регистрирани 820 нови случаи

СКОПЈЕ

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 32 смртни случаи од последиците на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус се искачи на 1.731, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 820 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 61.543.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени се искачи на 38.400.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 21.412.

Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19, од кои 2.019 тестирања во последните 24 часа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın