Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 21 нов случај на Ковид-19
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 265

Скопје
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 21 нов случај на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.922, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови починати лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата остана ист, односно изнесува 5.487.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.170.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 265.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.358 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 930.540 тестирања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.