Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 324 нови случаи на Ковид-19, починати се 26 лица

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.178 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 136.545

Ekipa  | 06.05.2021 - Обновена : 07.05.2021
Северна Македонија: Во изминатото деноноќие регистрирани 324 нови случаи на Ковид-19, починати се 26 лица

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 324 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 153.461, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 26 починати лицa, а билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.042.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.178 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 136.545.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 11.874.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.660 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 731.997 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.