Рама: Специјалниот суд го прекина процесот врзан за мир
Премиерот на Албанија оцени дека никој не смее да заборави што Тачи и Весели направија во текот на војната на Косово, што е поврзано со вредностите на борбата на Ослободителната војска на Косово и фактот дека Косово беше жртва, а не агресор

ПРИШТИНА
Премиерот на Албанија Еди Рама денес ја заврши дводневната посета на Косово, во текот на која се состана со институцијалните и политичките лидери со цел да им даде поддршка на Косово и сите нејзини политички претставници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рама на конференцијата за новинари на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ изјави дека дошол поради националните потреби за обединување, по објавувањето на предлогот на обвинение за воени злосторства против претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово Кадри Весели.
Рама оцени дека ова што се случува е длабоко неправедно, истакнувајќи дека заедно со 20-годишниот процес на воспоставување на правда за воените злосторници, на Косово се развиле невидливи процеси на изградба на државата, меѓуетнички помирувања, европски интеграции, дијалог и нормализација на односите со Србија.
„Разбирливо е дека тешкиот процес на помирување не е само прашање на соочување со минатото низ правдата, туку и изградба на иднината низ политиката“, рече Рама.
Рама предлогот на обвинението на Специјалното обвинителство на Хаг го спореди со соопштенијата на кинеската револуција. Тој оцени дека независно од тоа дали обвинението е објавено случајно или намерно пред самиот состанок во Белата куќа, историјата на овој Специјален суд започнала да се пишува со акт кој го прекинал процесот поврзан со мир.
„Сигурно дека состанокот во Белата куќа е важен момент и претставува продолжение на напорите од многу страни, но и можност процесот да се издигне на ново ниво со непосредна поддршка на САД“, рече Рама.
Премиерот на Албанија оцени дека никој не смее да заборави што Тачи и Весели направијле во текот на војната на Косово, што е поврзано со вредностите на борбата на Ослободителната војска на Косово и фактот дека Косово беше жртва, а не агресор.
Тој истакна дека не дошол на Косово со цел да ги обедини сите политички партии на една маса, туку затоа што Албанија има обврска безусловно да го поддржува Косово.
На истата конференција за новинарите, вршителот на должност Министер за надворешни работи на Албанија Гент Цакај зборуваше за својата посета на Вашингтон во време кога требало да биде одржан состанокот на косовската и српската делегација во Белата куќа, која Тачи и Хоти ја откажаа поради објавувањето на обвинението.
Цакај нагласи дека во таа прилика се состанал со специјалниот пратеник на американскиот претседател за дијалог Ричар Гренел и дека една од пораките е дека нема таен договор.
„Втора е дека нема поделба на теротириите на Косово и дека ниту владата на Албанија, ниту било кој на Косово не прави планови за лични интереси за поделба на Косово.Трета е дека нема желба да се постигне брз договор на штета на Косово бидејќи тоа е во изборниот интерес на Америка“, наведе Цакај.
Премиерот Рама во Приштина во одделни средби се состана со претседателот на Косово Хашим Тачи, претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи и премиерот на Косово Авдула Хоти, а имаше средби и со лидерите на политичките партии. Рама го повика косовскиот колега Хоти во официјална посета на Албанија во петок, 3. јули.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.