Приведен Митко Чавков, поранешен министер за внатрешни работи
По налог на Јавното обвинителство на Република Македонија утрово е приведен поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и неколку други лица

Skopje
СКОПЈЕ (АА) - По налог на Јавното обвинителство на Република Македонија утрово е приведен поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и неколку други лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што се соопштува, Чавков е во Кривичниот суд во Скопје, каде дава исказ пред судија на претходна постапка, а исто така во судот се и повеќе други лица кои се изведени пред судија на претходна постапка кој постапува по писмен поднесок на Основното јавно обвинителство во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април.
Покрај Чавков, приведени се и други лица. Од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство повеќе информации најавуваат во текот на денот.
Потсетуваме, вечерта на 27 април оваа година, во хаотична ситуација, демонстрантите организирани од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, кои беа собрани пред зградата на Парламентот, влегоа на сила во зградата.
Како резултат на насилството од страна на демонстрантите кон пратениците, беа повредени околу 100 луѓе, вклучувајќи пратеници, полицајци и претставници на медиумите.