Балкан

Претседателот на Албанија, Мета: „Поддршката за НАТО беше и е едногласна“

„Целите кои НАТО, САД, земјите сојузници, како и земјите партнери, ги поставиле за оваа вежба им даваат одлична можност на нашите вооружени сили за тестирање на оперативните способности“, рече Мета.

Fatjon Cuka  | 04.05.2021 - Обновена : 05.05.2021
Претседателот на Албанија, Мета: „Поддршката за НАТО беше и е едногласна“

ДРАЧ 

Во рамки на мултинационалната вежба „Defender Europe 21“, на пристаништето во албанскиот град Драч се одржа настанот насловен „Ден на истакнати посетители“ со учество на високи претставници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Дел од церемонијата за започнување на вежбата на пристаништето во Драч беа претседателот на Албанија, Илир Мета, премиерот Еди Рама, министерот за одбрана Нико Пелеши, како и претставници на американската Војска, челници на Вооружените сили на Албанија и амбасадори.

- Мета: „Поддршката за НАТО беше и е едногласна“


Мета во своето обраќање рече дека Албанија како земја членка на НАТО се чувствува многу ценета поради фактот дека ѝ е доверена оваа голема одговорност на земјата домаќин на оваа вежба.

„НАТО е најголемата алијанса на слободата во светот и на довербата на албанскиот народ, додека поддршката за неа (НАТО) беше и е едногласна, исто како што е нашата европска вокација и припадност. Целите кои НАТО, САД, земјите сојузници, како и земјите партнери, ги поставиле за оваа вежба им даваат одлична можност на нашите вооружени сили за тестирање на оперативните способности“, рече Мета.

Премиерот Рама во врска со оваа вежба рече дека е историски момент.

„Верувам дека оваа вежба е повеќе од важен момент на целата заедничка работа во насока на зголемување и демонстрација на нашите капацитети. Верувам дека вежбата е уште една важна точка во понатамошниот развој на нашите односи на највисоката точка“, нагласи Рама.

„Навистина е историски момент за сите нас. Тоа е момент што ни дава гордост, но и одговорност. Сакаме да бидеме сè повеќе достојни и вредни во рамките на оваа алијанса“, додаде тој.

Министерот за одбрана на Албанија, Пелеши, истакна дека Вооружените сили на Албанија како интегрален дел на вежбата имаат златна можност за повторно да потврдат дека се на вистинското ниво.

„Имаме среќа што сме дел од најголемата вежба некогаш реализирана во нашата земја и нашиот регион“, рече Пелеши.

- Мултинационалната вежба „Defender Europe 21“

Според албанските власти, 28.000 мултинационални трупи ќе реализираат активности речиси во исто време во повеќе од 30 зони за вежбање во 12 земји.

Според соопштеното, во вежбата ќе учествуваат трупи од Албанија, Турција, САД, Северна Македонија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Грција, Канада, Велика Британија, Чешка, Унгарија, Романија, Бугарија, Грузија и други земји.

Како дел од вежбата се и трупите на земјите членки на НАТО и земјите сојузници, како и авиони, бродови, хеликоптери, ракетни системи „Патриот“ и други неборбени возила.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın