Премиерот Заев на средба со МАТТО: Соработката со Турција е значајна
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ја нагласил важноста од интензивирање на економските релации и соработка со Република Турција и порача дека Владата на Република Македонија посветено ќе работи во тој правец

Skopje
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев oствари средба со Претседателот на МАТТО, (Стопанската комора на Македонија и Турција) Ајдован Адемоски, пренесува Anadolu Agency (AA).
На средбата Заев беше придружуван од заменик претседателот на владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, и советниците за економија, здравство, енергетика и земјоделство, а претседателот на МАТТО беше придружуван од високи претставници на раководството на комората.
Како што соопштуваат од МАТТО, на средбата беше изразено силно уверување дека соработката помеѓу Република Македонија и Турција во периодот што следува ќе се интензивира, и во таа насока ќе се работи на зголемување на трговската размена помеѓу двете земји, но и на нови инвестиции кои се важни за економскиот раст.
„Успехот во работењето на новата Влада го гледаме преку успехот што ќе го постигнуваат приватните компании и бизнисот. Наша цврста определба е да работиме како ваш сервис, да ги решаваме проблемите, но и да ги отвораме перспективите за нови инвестиции и развој на вашите бизниси. Веруваме дека ако бизнисот оди напред, ќе се отвораат шансите за квалитетен животен стандард на сите граѓани. Владата на Република Македонија посветено работи на градење на стабилна и предвидлива бизнис клима за да можете вие и вашите компании слободно да планирате, да градите стратегии но и храбро да влегувате во нови инвестиции“, порачал премиерот Заев.
Меѓу другото, претседателот на Владата на Република Македонија, Заев, како што стои во соопштението, посочил дека постои голем интерес за поволностите и поддршката што Владата на Република Македонија ги обезбедува во планот за економски раст еднакво и за домашните и за странските инвеститори, и во таа смисла ги повикал и пристуните претставници на комората, воедно и докажани директори и менаџери на големи компании во Македонија, да влезат во нови инвестиции за кои ќе добијат силна помош и поддршка од државата.
Од друга страна, претставниците на МАТТО Стопанската комора на Македонија - Турција дадоа поддршка на економските политики и изразија очекувања за плодна соработка во иднина.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ја нагласил важноста од интензивирање на економските релации и соработка со Република Турција и порача дека Владата на Република Македонија посветено ќе работи во тој правец.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.