Балкан

Почина Илхами Емин, поет, писател, литературен критичар

– Почина Илхами Емин, еден од најважните писатели и поети на Турците во Северна Македонија

Husamedin Gina   | 28.04.2020
Почина Илхами Емин, поет, писател, литературен критичар

СКОПЈЕ

Почина Илхами Емин, еден од најважните писатели и поети на Турците во Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Илхами Емин е роден во Радовиш, на 8 август 1931 година. Завршил Педагошка академија во Скопје. Работел во Републичкиот комитет за култура, a беше член на Друштвото на писатели на Северна Македонија од 1956 година.

Како преведувач од турски на македонски јазик, Емин ја афирмира источната поезија и филозофија.

Тој ги има преведено на македонски јазик песните на тројцата најзначајни класични турски поети суфии: Ахмед Јесени, Јунус Емре и Џелалудин Руми Мевљана.

Исто така, Илхами Емин е автор е на стихозбирките: „Трагање“ (1954), „Животот пее и плаче“ (1955), „Деноноќија“ (1957), „Сарај без мачка“ (1964), „Четириесет пријатели“ (1965), „Отаде каменот“ (1965), „Солнечни песни“ (1972), „Трендафил - цвет“ (1972), „Трендафил - дом“ (1974), „Азбуката низ песни“ (1974), „Јурукче“ (1984), „Розариум“ (1985), „Ѓулдесте“ (1991) и „Ѓулдин“ (1993).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın