Полициски хеликоптер се урна на аеродромот во Скопје
Според првичните информации, едно лице се здобило со лесни телесни повреди

СКОПЈЕ (АА) – Полициски хеликоптер од типот „М-17“ на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Медиумската информативна агенција (МИА), денеска на старата платформа до полициската станица на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, хелихоптер на МВР од типот „M-17“, откако наполнил гориво, од засега непознати причини паднал при полетување.
Се истакнува дека во хеликоптерот се наоѓале пет лица.
Исто така, се нагласува дека според првичните информации, едно лице се здобило со лесни телесни повреди.