Полициите од Скопје и Сараево одлучни да ја продолжат соработката
- Министерството за внатрешни работи соопшти дека на средбата било разговарано за безбедносните предизвици и ризици, како и за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат Скопје и Сараево како главни градови.

СКОПЈЕ (АА) - Раководството на Секторот за внатрешни работи - Скопје предводено од началникот Сашо Топаловски оствари работна средба со делегација од Министерството за внатрешни работи на Босна и Херцеговина предводена од министерот за Кантонот Сараево, Адмир Катица, пренесува Анадолу.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на средбата било разговарано за безбедносните предизвици и ризици, како и за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат Скопје и Сараево како главни градови.
„Воедно на средбата беше договорена и понатамошна соработка во делот на размена на информации, стратегии и идеи кои ќе значат поголема мобилност и професионалност на полициските службеници“, стои во соопштението на МВР.
Исто така, на средбата од страна на двете делегации била потенцирана и соработката во иднина помеѓу полициите на двата града.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.