Балкан

Од Ковид-19 во Косово починаа 4 лица, откриени 281 нов случај

- Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 15.295 лица. Моментално има 2.658 активни случаи

Agim Sulaj   | 28.10.2020
Од Ковид-19 во Косово починаа 4 лица, откриени 281 нов случај

ПРИШТИНА

Во Косово починаа 4 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 673, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 281 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 18.626.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 932 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 90.040 тестирања.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 15.295 лица. Моментално има 2.658 активни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın