Балкан

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ги повикува граѓаните да не патуваат во Иран и Израел

МНРиНТ објави дека врз основа на информациите добиени од амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов воздушните простори над Израел и Иран се затворени, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран

Oktaj Omeragikj  | 13.06.2025 - Обновена : 14.06.2025
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ги повикува граѓаните да не патуваат во Иран и Израел

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за надворешни работи на Северна Македонија по израелските напади врз Иран ги повика граѓаните на земјата да не патуваат во Иран и Израел, известува Анадолу.

Од МНР на Северна Македонија информираат дека поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, МНРиНТ апелира до сите македонски државјани што се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион, сè додека не се подобри безбедносната ситуација“, се наведува во соопштението на МНРиНТ.

Врз основа на добиените информации од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, МНРиНТ соопшти дека во моментов воздушните простори над Израел и Иран се затворени, како и аеродромите во Тел Авив и Техеран, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.