Косово: Од Ковид-19 почина едно лице, регистрирани 267 новозаразени
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 49.432 лица. Во моментов во земјата има 5.275 активни случаи

ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа почина еден пациент, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.411, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 267 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 56.118.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.377 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 209.960 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 49.432 лица. Во моментов во земјата има 5.275 активни случаи.