Балкан, Коронавирус

Ковид-19 во Косово: 587 новозаразени, шест починати

- Во моментов во Косово се активни 9.782 случаи на заразеност со коронавирус

Zylfije Adem Jakupi  | 08.03.2021 - Обновена : 09.03.2021
Ковид-19 во Косово: 587 новозаразени, шест починати

ПРИШТИНА 

Во последните 24 часа во Косово животот го загубија 6 лица како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), додека 587 лица биле позитивни на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националниот институт за јавно здравје на Косово објави дека во последното деноноќие во земјата се тестирани 2.813 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 587 биле позитивни на Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата досега во Косово се тестирани 332.713 лица, при што кај 73.635 лица е детектиран коронавирус.

Во Косово досега животот го загубија 1.655 лица како последица на заразеност до Ковид-19, а оздравеа 62.198 лица.

Во моментов во Косово се активни 9.782 случаи на заразеност со коронавирус.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın