Балкан

Избори во Косово: Гласаше Албин Курти, кандидатот на Движењето Самоопределување, в.д. премиер на земјата

- „Се надевам, верувам и работиме на тоа Десеттата легислатива да го конституира следниот состав на парламентот што е можно поскоро и во исто време да ја формира новата влада“, рече Курти.

Agim Sulaj  | 28.12.2025 - Обновена : 28.12.2025
Избори во Косово: Гласаше Албин Курти, кандидатот на Движењето Самоопределување, в.д. премиер на земјата

ПРИШТИНА (АА) – На Економскиот факултет на Универзитетот во Приштина, кандидатот на партијата Движење Самоопределување, Албин Курти, в.д. премиерот на Косово, гласаше денес на предвремените парламентарни избори што се одржуваат во земјата, известува Анадолу.

Кандидатот за премиер, а воедно и вршител на должноста премиер, Курти, во своето обраќање пред медиумите по гласањето, ги повика сите граѓани да го остварат своето право на глас.

Курти рече дека граѓаните треба да гласаат за да се утврди следниот состав на парламентот.

„Се надевам, верувам и работиме на тоа Десеттата легислатива да го конституира следниот состав на парламентот што е можно поскоро и во исто време да ја формира новата влада“, рече Курти.

Курти изрази надеж дека учеството на граѓаните на изборите ќе биде масовно бидејќи масовното учество се одразува на квалитетот на изборите и легитимитетот на институциите.

Запрашан за прашањето за коалициите, Курти рече дека бидејќи другите партии не прифатиле коалиции по редовните избори од 9 февруари 2025 година, денес земјата е на вонредни избори.

На гласањето Курти го придружуваше неговата сопруга.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın