Балкан

Заев: „Членството во НАТО зчачи поголема стабилност и безбедност за регионот"

„Како идна 30. членка на НАТО за регионот на Западен Балкан и југоисточна Европа е многу драгоцено достигнување, затоа што тоа значи поголема стабилност, безбедност, и автоматски значи инвестиции", истакна премиерот Заев на панел-дискусијата за НАТО.

Admir Fazlagic  | 03.12.2019 - Обновена : 04.12.2019
Заев: „Членството во НАТО зчачи поголема стабилност и безбедност за регионот" (Foto: Arhiva/ Anadolu Agency)

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев рече дека членството во НАТО е многу драгоцено достигнување, затоа што тоа значи поголема стабилност, безбедност, и автоматски значи инвестиции, јавува Агенција Анадолија (АА).

Заедно со полскиот претседател Андржеј Дуда, Заев во Лондон учествуваше на панел-дискусијата „Одбрана и превенција во новата ера“ како дел од конференцијата „НАТО се ангажира: обновување на алијансата“ по повод 70-годишнината на НАТО.

„Како идна 30. членка на НАТО за регионот на Западен Балкан и југоисточна Европа е многу драгоцено достигнување, затоа што тоа значи поголема стабилност, безбедност, и автоматски значи инвестиции", истакна премиерот Заев.

Премиерот на Северна Македонија рече дека во минатото Балканот беше место на конфликти и војни, додавајќи дека членството во НАТО значи голема стабилност и безбедност.

„Нашите граѓани од регионот, граѓаните на Северна Македонија, веруваат многу во НАТО, во единството, во стабилноста, што ние дури го сменивме и нашето уставно име, станавме Република Северна Македонија, секако и поради градење добри односи со нашите соседи, ние сме земја без отворени билатерални прашања со ниту една земја во соседството", рече Заев.

Во рамките на панелот, Заев беше прашан за барањето на САД членките на НАТО да издвојуваат повеќе од 2 отсто од БДП за одбрана, при што Заев истакна дека „во последните 2,5 години го постигнавме она што на европскиот континент е многу ретко, од 0,8-0,9 отсто, ние дури го дуплиравме трошењето на полето на одбраната, сега сме на 1,4 отато од БДП."

„Целта е до 2024 да се постигне 2 отсто, можеби и порано. Ние потрошивме повеќе од 20 -24 отсто за модернизација на нашата Армија, нешто исто многу значајно-што е реткост во други земјите членки на ЕУ", додаде Заев.

Запрашан во врска со недобивањето на датум за почнување преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, поради противењето на Франција, премиерот Заев изрази верување дека „оваа грешка ќе биде поправена".

„Не беше правично за нас, ние сме земја кандидат веќе 15 години, имаме 10 позитивнни препораки, сите 28 земји члекни во Советот на ЕУ ги потврдија да ги реализираме 100 осто од реформите, договорот со Бугарија, договорот со Грција, со кој го сменивме и уставното име, сега тој вели дека на Европа и треба повеќе време поради идните реформи. Тоа беше многу вознемирувачко за нас, повеќе разочарувачко, но ние продолжуваме со реформите и се надеваме дека оваа грешка, не само за нас туку и за Европа, ќе биде поправена", истакна Заев и додаде:

„Само Франција очекуваше нова дебата за методологијата за проширувањето на ЕУ и се надевам наскоро ќе го продолжиме нашиот пат за полноправно членство во ЕУ."

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın