Единствениот призренски пајтонџија ја одржува жива вековната традиција
„Се вратив на професијата на татко ми поради економската криза по војната во Косово. Задоволен сум и од интересот за пајтонот и од зголемениот туристички потенцијал на Призрен.“

ПРИЗРЕН (АА) - ЕРЕН БЕКСАЧ -
Семејството Пала речиси еден век ја одржува традицијата на возење пајтон во Призрен, во југозападниот дел на Косово, пишува Агенција Анадолија (АА).
Пајтонот кој се движи по калдрмата Шадирван во центарот на Призрен привлекува внимание и кај домашните и кај странските туристи.
Кадри Пала, кој ги следи стапките на својот дедо и татко и е единствениот активен пајтонџија во градот, во изјавата за Агенција Анадолија (AA) рече дека пајтонот во минатото го користеле познатите личности од градот на историските улици на Призрен.
„Се вратив на професијата на татко ми поради економската криза по војната во Косово. Задоволен сум и од интересот за пајтонот и од зголемениот туристички потенцијал на Призрен“, нагласи Пала.
Наведувајќи дека со задоволство ја продолжува својата професија, Пала рече: „Претходно, кога немаше автомобили, татко ми ги возеше познатите личности од градот. Пајтонот, исто така, се користеше и за пренесување на пациенти, за сунетски и свадбени церемонии.“
Рече дека неговиот пајтон станал симбол на градот и дека секој турист и да не се вози, задолжително се фотографира со него, како и дека имал можност да вози важни гости како што е британскиот престолонаследник Чарлс.
Нагласувајќи дека туристите ги вози низ важните историски места на градот во времетраење од околу половина час, Пала рече: „Претходно имаше 7-8 пајтони, потоа постепено исчезнаа, но ние го зачувавме пајтонот. На туристите им раскажувам за историската Џамија „Синан-паша“ и за Џамијата „Намазгах“.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.