Дрвенград: Етно-село кое изгледа како да во него отсекогаш се живеело
Селото е основано е и направено на ридот Меќавник по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“ во 2003 и 2004 година

ДРВЕНГРАД (АА) - Дрвенград (Кустендорф), познат и како Меќавник, е етно-село во западниот дел на Србија, во Златиборскиот округ, сместено во близина на селото Мокра Гора на раскрсницата меѓу планините Златибор и Тара. Со својот изглед и автентичност етно-селото го привлекува вниманието на бројни посетители од земјата и странство, пишува Агенција Анадолија (АА).
Селото е основано и направено на ридот Меќавник по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“ во 2003 и 2004 година.
Дрвенград е етно-село во градски облик и структура. На едниот крај се наоѓа влезната порта, од каде поаѓа главната улица и се простира до другиот крај каде што се наоѓа дрвена православна црква. Во централниот дел на селото се наоѓа плоштад, поплочен со дрвени блокови и исечени дрвени прагови, опкружен со дрвени куќички.
Улиците во селото добија име по познати личности од културата, науката и спортот. Една улица во селото го носи името на светски познатиот тенисер од Србија Новак Ѓоковиќ, додека друга улица го носи името на Иво Андриќ, југословенски писател и добитник на Нобеловата награда за книжевност.
Плоштадот во селото го носи името на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона.
Стручно жири на бриселска Фондација за архитектура „Филип Ротије“ во 2005 година ова градителско дело на режисерот Кустурица го прогласи за најдобро архитектонско остварување во изминатите три години.
Од 2008 година, селото е домаќин на годишниот филмски и музички фестивал Кустендорф, кој прикажува филмови и музика од целиот свет.
Во 2010 година селото го посети светски познатиот актер Џони Деп.
Режисерот Емир Кустурица селото Дрвенград го објаснува со зборовите: „Измислив град кој изгледа како да во него секогаш се живеело. А никогаш не се живеело.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.