Балкан

Две полициски возила нападнати со рачна граната на северниот дел на Косово

Министерот Свецла на вонредна прес-конференција со генералниот директор на косовската полиција, Самедин Мехмедија, рече дека биле нападнати полицајци кои требало да направат смена на граничните премини

Zylfije Adem Jakupi  | 15.04.2022 - Обновена : 16.04.2022
Две полициски возила нападнати со рачна граната на северниот дел на Косово

ПРИШТИНА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свецла, соопшти дека утринава во терористички чин две полициски возила биле нападнати со рачна граната на северниот дел на Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Свецла на вонредна прес-конференција со генералниот директор на косовската полиција, Самедин Мехмедија, рече дека биле нападнати полицајци кои требало да направат смена на граничните премини.

„Денеска околу 7:40 часот имаше напад на косовската полиција која требаше да направи смена на граничните премини. Овој напад, сега посведочен, со рачна бомба и АК-47, како терористички чин, е извршен со цел да се заплашат полицајците, но и сите граѓани на Косово. Различни групи извршија четири напади на тоа подрачје во последните три дена“, рече Свецла.

Министерот истакна дека сериозниот ангажман на косовските институции, особено на косовската полиција, за воспоставување ред и закон во секое ќоше на Косово, стана пречка за одредени групи директно поддржани од Србија и ги уништи плановите на сите оние кои Косово го гледаа како погодно легло за нивниот криминал.

Генералниот директор Мехмеди покажа фотографии на кои се гледа штетата од нападот врз полициските возила. Тој рече дека од 13 април до денеска имало четири синхронизирани напади врз косовската полиција на места кои се многу близу еднододруго. Тој оцени дека тоа укажува дека нападите биле поврзани и организирани со цел да се спречи работата на полицијата во борбата против криумчарење и нелегалната трговија во граничниот појас меѓу Косово и Србија.

„Во првиот напад на 13 април, на магистралниот пат Митровица-Зубин Поток беа распоредени 47 т.н. „метални ежови“, кои беа поставени на средината на патот и овозможија блокирање на патот и оштетување на гумите на возилото. Вториот напад се случи истиот ден околу 21:45 часот, додека единицата на граничната полиција се враќа по завршувањето на смената на граничниот премин во Брњак. Возилото на патролата на граничната полиција е каменувано, возилото е оштетено, повредени нема“, рече Мехмети.

Тој понатаму изјави дека третиот напад се случил синоќа во селото Бабе околу 20:40 часот, при што се слушнале четири до пет кратки рафали со околу 30 куршуми, а постои сомневање дека пукањето дошло од територијата на Република Србија. Во тој напад, како што рече, нема повредени, била пријавена само материјална штета. Мехмеди рече дека пукотницата се слушнала во близина на местото каде што полицијата го затворила дивиот пат кој од пред извесно време се користи за шверц.

За нападот од утринава Мехмеди рече дека гранатата била фрлена директно со намера да ги повреди полицајците, не само да ги исплаши, но дека благодарение на флексибилноста на полицијата и оклопните возила, нема повредени. Во возилото имало полицајци, Албанци и Срби.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот Свецла рече дека полицијата ќе направи сѐ што е по закон за криминалците да се изведат пред лицето на правдата. Тој оцени дека криминалните групи ги фатила паника поради подоброто спроведување на законот и редот и во тој дел на Косово. Посочи дека полицијата има индиции, но не може да каже за кои групи станува збор.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.