Балкан

Вучиќ очекува „многу поголеми проблеми во врска со Косово“

„Значи, по воениот сојуз Тирана–Приштина–Загреб, формиран е дополнителен воен сојуз Загреб–Љубљана. И сосема е извесно дека тоа не е создадено поради воено неутрална Австрија, туку, секако, поради Србија.“

Elena Trenchevska Chekovic  | 10.09.2025 - Обновена : 11.09.2025
Вучиќ очекува „многу поголеми проблеми во врска со Косово“

СКОПЈЕ (AA) – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговата земја ќе се соочи со многу поголеми проблеми во врска со Косово и поради воените сојузи што се формираат во регионот, пренесува Анадолу.

Вучиќ синоќа, гостувајќи на ТВ-каналот Прва, рече дека Србија очекува сериозни предизвици во однос на Косово и регионалните воени сојузи.

„Значи, по воениот сојуз Тирана–Приштина–Загреб, формиран е дополнителен воен сојуз Загреб–Љубљана. И сосема е извесно дека тоа не е создадено поради воено неутрална Австрија, туку, секако, поради Србија. Тие недвосмислено очекуваат и вклучување на Бугарија во тој сојуз – хрватскиот министер за одбрана веќе неколкупати го повтори тоа“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека Србија не добива никаков одговор од Европа на прашањата зошто се формираат такви сојузи.

„Ние не можеме да добиеме одговор. Едноставно, тоа се смета за сосема нормално, иако Косово не е држава – не само за нас, туку и за четири земји членки на НАТО и пет земји од Европската Унија. Но никого не го интересира да зборува за тоа“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија нагласи дека зачувувањето на мирот е од пресудно значење за неговата земја, додавајќи дека се вложува во армијата со цел да се зачува мирот и да се одвратат евентуални напади врз Србија.

„Само да го зачуваме мирот затоа што во мир одиме напред. Да ги чуваме стабилноста, мирот, безбедноста, да размислуваме за иднината на нашите деца, да ја градиме нашата земја“, порача претседателот на Србија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.