Балкан, Коронавирус

Во Северна Македонија 14 починати од Ковид-19, регистрирани 404 новозаразени

Во моментов бројот на активни случаи во земјата е 7.067

Ekipa   | 24.10.2020
Во Северна Македонија 14 починати од Ковид-19, регистрирани 404 новозаразени

СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 404 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 26.394, пренесува Агенција Анадолија (АА).


Министерството за здравство соопшти дека се починати 14 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 897.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата достигна 18.430.


Во моментов бројот на активни случаи во земјата е 7.067.


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.524 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 233.137 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın